Јужна Кореја постави нови автобуски постојки во Сеул, кои се оградени со плексиглас, а на влезот има мерач на температура и ултравиолетова ламба за дезинфекција.

Пред да влезат во постојката, патниците мора да ја измерат температурата на автоматска термичка камера, а вратата нема да се отвори за оние кои имаат температура над 37,5 степени, јавува Би Би Си.

Цената на постојката е околу 84.000 долари, а патниците велат дека се задоволни од новиот начин на контролирање на тоа кој влегува во автобусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 01:58