Иако однадвор не изгледа како нешто посебно, оваа зграда во која некогаш се изведувале редовни професионални фотосесии, сега е удобен, широк простор за живеење.

Станот е сместен во населбата Батерси, во јужниот дел на Лондон, Англија. Сегашниот сопственик и натаму го нуди своето гостопримство на разни уметници и креатори, но сега ова здание е и прекрасно место за живеење.

Кујната, трпезаријата и дневната соба се во една голема просторија, а на истиот прв кат од куќата и денес има студио за сликање. На вториот кат има бања, гардеробер и две спални соби со поглед на студиото во просториите долу.

Цената на куќата е проценета на 1,35 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 13:15