Илјадници Израелци протестираа синоќа пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху, повторувајќи го нивниот повик тој да се повлече и покрај историскиот договор за воспоставување дипломатски врски со Обединетите Арапски Емирати.

Израелците се собираа пред резиденцијата на Нетанјаху неколку пати неделно во текот на летото, во знак на протест против неговиот одговор на кризата предизвикана од коронавирусот, оценувајќи дека тој не треба да остане на функцијата додека му се суди по обвиненија за корупција.

Демонстрантите носеа израелски знамиња и извикуваа пароли против Нетанјаху. Мал протест се одржа и пред приватната куќа на премиерот во приморскиот град Цезарија, додека други митинзи се одвиваа на мостови и крстосници низ целата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2020 12:34