Во Бразил се потврдени уште 41.576 случаи на коронавирус, а 709 лица починале како резултат на таа инфекција, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Вкупниот број на заразени со вирусот во Бразил е 3.317.096, а 107.232 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19, веднаш зад САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2020 12:58