Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила нова серија напади на позициите на Хамас во Појасот Газа, како одговор на ракетирањето и пуштањето запаливи балони од палестинската енклава кон Израел.

Покрај тоа, судири избувнаа и во текот на вечерта долж оградата што го дели Израел од Газа, соопштија палестински извори и израелската војска, која тврди дека десетина луѓе „палеле гуми, фрлале експлозивни направи и рачни гранати“ на оградата „обидувајќи се да се приближат“.

Израелската војска изврши неколку ноќни напади на позиции на исламистичкото движење што ја контролира палестинската енклава минатата недела, реагирајќи на пуштањето запаливи балони, од кои некои предизвикаа пожари во јужен Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2020 14:04