САД може да склучат билатерален договор со Русија за нуклеарно разоружување. Вашингтон се надева дека подоцна може да постигне договор и со Кина, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател за контрола на оружјето, Маршал Билингсли, во интервју за јапонскиот весник „Никеи“.
Според него, овој пристап е многу рационален, затоа што доколку се постигне договор со Русија, Кина би можела да се приклучи кон него во подоцнежна фаза.
Претходно, Доналд Трамп изјави дека по прашањето за контрола на оружјето, Вашингтон има намера да одржи разговори со Москва, по што САД и Русија би влегле во дијалог со Кина.
Разговори за стратешка безбедност утре и задутре ќе одржат Маршал Билингсли и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во Виена.