Педесет и осум отсто од регистрираните гласачи кои го поддржуваат Џо Бајден на изборите во 2020 година велат дека нивниот глас е повеќе против претседателот Доналд Трамп отколку за поддршка на Бајден. Тоа се резултати од анкетата на Волстрит Џурнал/ Ен-Би-Си Њуз.

Кампањата на Трамп долго време инсистираше на тоа дека поддржувачите на претседателот се далеку поинтузијастички од оние на Бајден и дека тоа ќе се манифестира со поголем одзив за време на изборите. Речиси три четвртини од поддржувачите на Трамп велат дека нивниот глас е повеќе за поддршка на претседателот отколку против Бајден.

Генерално, Бајден одржува предност од 8 поени во просекот на националните анкети вклучително и предност од 50 -41 отсто во анкетата на Волстрит џурнал и Ен-Би-Си Њуз

Триесет и девет отсто од испитаниците рекле дека имаат позитивен став за новиот кандидат на Џо Бајден, сенаторката Камала Харис, додека 35 отсто изјавиле дека ја гледаат негативно.

Нејзиното нето одобрување е за +4 повисоко од онаа на потпретседателот Мајк Пенс (-5), Бајден (-6) и Трамп (-12).

Анкетата покажува дека Харис е попопуларна кај жените и гласачите што не се белци. Четириесет и пет отсто од двете групи рекоа дека гледаат на сенаторката позитивно, додека мажите и белите гласачи со помала веројатност имаат позитивен став за Харис – 32 отсто и 36 отсто, соодветно.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2020 12:15