Лидерите на Европската унија ќе одржат итен видео состанок в среда на кој ќе се разговара за состојбата околу кризата во Белорусија, каде протестите се интензивираат против спорниот реизбор на претседателот Александар Лукашенко.

„Луѓето на Белорусија имаат право да одлучуваат за својата иднина и слободно да го изберат својот лидер. Насилството врз демонстрантите е неприфатливо и не може да биде дозволено“, објави на Твитер претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Состанокот треба да почне напладне.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2020 13:31