Претседателството на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) внимателно ја следи состојбата во Белорусија и предлага посета на претседавачите и средба со официјални лица во таа земја, се вели во денешното соопштение на паневропската организација.
„Ја повторуваме нашата загриженост поради начинот на кој се спроведени претседателските избори на 9 август 2020 година, кои Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права не можеше да ги следи, како и непропорционалната употреба на сила против мирни демонстранти, масовни апсења и наводна тортура и малтретирање од страна на безбедносните сили“, се вели во соопштението од ОБСЕ.
Тие велат дека е неопходен отворен и конструктивен дијалог за во Белорусија да дојде до напредок и оти организацијата е подготвена да поддржи и соработува со сите заинтересирани страни.
„Затоа, ОБСЕ испрати официјален предлог до Владата на Белорусија за посета на премиерот и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Еди Рама (претседавач на ОБСЕ) и следниот претседавач на ОБСЕ, шведскиот министер за надворешни работи Ен Линде. како претставници на опозицијата “, се наведува во соопштението.
ОБСЕ повтори за итната потреба од целосно почитување на принципите и обврските на организацијата, вклучително и унапредување и заштита на основните слободи и човекови права и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, се додава во соопштението.