Во Турција веќе има над 250.000 лица заразени со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча на Твитер напиша дека голем број од оние кои сега се болни брзо заздравуваат, но дека загрижува што расте бројот на оние кои се во сериозна состојба, пренесува Тасс.

„Во последните 24 часа се тестирани вкупно 74.846 лица, а потврдени се 1.233 нови случаи. Дваесет и двајца пациенти починаа“, напиша министерот.

Досега вкупно се починати речиси 6.000 пациенти, а закрепнале 231.971 лица.

Највисок дневен број на жртви на инфицирани со коронавирусот во Турција беше регистриран на 19 април – 127 лица.

Првиот случај на инфециран во земјата беше регистриран на 10 март, кај лице кое се вратило од странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 10:21