Неидентификувани сторители ноќеска извршиле вооружен напад врз министерот за внатрешни работи на Јужна Осетија, Игор Наниев, изјави неговиот заменик Тарзан Кокоит, јави Тасс.

-Министерот не беше повреден во нападот, изведен од напуштената куќа. Испукани се три куршуми, од кои еден ја погоди вратата од страната на возачот“, рече заменик Кокоит.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 10:29