Најстарата згрижена панда во светот, која живее во Зоолошката градина во мегалополисот Чонгчинг, Кина, вчера наполни 38 години. По тој повод е направена голема прослава, со огромна овошна торта, каква што таа обожава.

Синсинг е најстарата џиновска панда денес, која се чува во зоолошка градина во светот. Има 38 години, што е еднакво на нешто повеќе од 100 човечки години. Според медиумите, таа се чувствува одлично.

Таа е најстара во семејство на 137 панди, а нејзините потомци се наоѓаат во над 20 земји низ целиот свет. Претставниците на Зоолошката градина во Чонгчинг велат дека пандата е во одлично здравје и тежи 98 килограми. За неа се грижат двајца вработени кои постојано го следат нејзиното здравје.

Животното било донесено во Зоолошката кога имало една година. Го има посетено и Калгари, Канада.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 10:34