Безмалку 50 насто од жените во САД биле изневерени од партнерот за време на пандемијата на коронавирусот, посочуваа едно неодамнешно испитување.

Податоците ги објави интернет-страницата dating.com и во анкетата учествувале 2.000 луѓе. Прашањето било – дали биле изневерени во периодот од март, за време на карантинот, па до денес?

Дури 55 проценти одговориле потврдно. Според полот, 45 отсто се жени, а 15 отсто се мажи. Во однос на причините за неверство, една третина велат дека биле измамени затоа што нивниот партнер /-ка почувствувал /-а стари искри со својот поранешен /-на, додека 20 насто од испитаниците рекле дека тоа се случило со нов познаник /-чка.

Марија Саливан, ко-сопственичка на dating.com, смета дека карантинот е одличен тест за паровите. Некои ја зајакнуваат врската и се запознаваат уште подобро, додека некои сфаќаат дека не се еден за друг. Истражувањата покажуваат дека многумина се обратиле на интернет-страници за средби и запознавања во овој така тежок и предизвикувачки период.

Двајца психолози од Универзитетот во Тенеси, исто така, неодамна објавија труд околу тоа дека стресот при пандемијата уништува дел од врските.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 11:04