Повеќе од 300 ресторани од познатиот синџир ресторани „Пица хат“ ќе бидат трајно затворени по банкротот на дел од еден од најголемите брендови во оваа област.

Компанијата НПЦ интернејшнл вчера постигна договор со сопствениците на Пица хат – фирмата Јам, да затворат четвртина од своите ресторани и да ги продадат другите.

Деловниот неуспех на НПЦ се припишува на воведувањето вонредни мерки поради коронавирусот и долговите од речиси милијарда долари. „Пица хат“ соопшти дека работата на 300 угостителски објекти е многу полоша отколку на останатите на овој добро познат бренд за брза храна и дека компанијата ќе им помогне на работниците кои ги загубиле работните места, да се префрлат во други ресторани на синџирот.

НПЦ интернејшнл има вкупно 1.227 локации каде што работат ресторани на Пица хат. Тие сочинуваа приближно 18 отсто од вкупно 6.700 ресторани на брендот во САД. НПЦ поседува и 6.500 ресторани од брендот „Венди“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 11:17