Едно семејство остана заробено во својот дом, оштетени се куќи, ниски згради и пристаниште се оштетени, а дел од патиштата и мостовите во филипинското место Катаинган се напукнати по силниот земјотрес од 6,6 степени, кој утрово ја погоди оваа островска земја.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот е регистриран на околу пет километри од Катаинган, на длабочина од околу 21 километар. Нема закана од цунами.

Потресот бил почуствуван во неколку провинции во централниот регион Висајас.

Властите информираа дека трокатна зграда се урнала во Катаинган, при што останале заробени пензиниран полицаец и неговото семејство. Спасувачките служби работат на извлекување на заробените лица под урнатините.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 11:53