Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, ќе присуствува на утрешниот состанок на министрите на ОПЕК + и покрај позитивниот тест на коронавирус со кој се заразил додека патувал на рускиот далечен исток, соопшти денеска Министерството за енергетика.

– Министерот се чувствува добро. Нема никакви симптоми, изјави портпаролката на Министерството, потврдувајќи дека Новак ќе присуствува на 21. состанок на Заедничкиот министерски комитет за следење на договорот ОПЕК +.

На утрешната средба треба да се разгледа дали производителите на нафта од ОПЕК + се придржуваат кон договорот за намалување на производството на нафта во контекст на бавно закрепнување на побарувачката.

Новак беше на далечниот руски исток во состав на владина делегација, предводена од премиерот Михаил Мишустин, кој исто така беше заразен со коронавирус кон крајот на април. Повеќе новинари кои ја следеле посетата, исто така се позитивни на вирусот, и морале денеска итно да се вратат во Москва.

.Според најновите податоци од универзитетот Џон Хопкинс, повеќе од 930 000 луѓе се заразиле со коронавирус во Русија од почетокот на пандемијата, а повеќе од 15.800 луѓе починале како резултат на Ковид-19.

Русија денеска извести дека регистрирала 4.748 новозаболени и дека во последните 24 часа починале 132 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 12:37