Германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во Белорусија по претседателските избори.

„Канцеларката подвлече дека белоруската Влада треба да се откаже од насилството врз мирните демонстранти, веднаш да ги ослободи политичките затвореници и да воспостави национален дијалог со опозицијата и општеството, за да се надмине кризата“, се наведува во соопштението на портпаролот на канцеларката Штефан Зајберт.

Зајберт вчера изјави дека Германија е отворена за проширување на санкциите против Белорусија доколку не прекине насилството врз демонстрантите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 13:37