Специјалниот суд за Либан во Хаг денеска заклучи дека нема докази дека проиранска шиитска паравоена милиција Хезболах била вмешана во бомбашкиот напад во 2005 година во кој загина поранешниот либански премиер Рафик Харири.

Специјалниот суд за Либан изрече пресуда во судењето на четворица членови на организацијата Хезболах, кои се обвинети за заговор за убиство на Харири и 21 други лица, пренесуваат британските меидуми.

-Судот е на мислење дека Сирија и Хезболах можеби имале мотив за атентат врз поранешниот либански премиер и неговите политички сојузници, но нема докази за да го поддржат тоа, рече судијата Дејвид Ре читајки делови од пресудата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 13:51