Реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неодамнешното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Нов Зеланд е „ужасно“, премиерката на таа земја, Џасинда Ардерн, изјави дека кога станува збор за бројот на новозаразени, нема простор за споредби меѓу Нов Зеланд и САД.

– Мислам дека нема простор за какви било споредби помеѓу тековниот број нови инфекции на Нов Зеланд и десетици илјади нови случаи што се регистрираат секојдневно во САД, рече Ардерн.

Таа истакна дека нејзината земја е во многу подобра позиција во однос на овој параметар во однос на повеќето други земји во светот.

Според Си Ен Ен, денеска во Нов Зеланд се регистрирани 13 нови случаи на коронавирус, и сите се резултат на локална трансмисија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 14:33