На почетокот на виртуелната конвенција на Демократската партија со главен настан номинација на претседателски кандидат на партијата, претседателот на САД, Доналд Трамп денеска оддржува предизборни митинзи во Минесота и во Висконсин.

Трамп зборуваше пред поканети поддржувачи, обвинувајќи го неговиот очекуван изборен противник дека е послушник на „левичарските фашисти“.

Американскиот претседател предупреди дека евентуална победа на опозициската партија во ноември, би значело отворени граници и економски колапс.

Тој, исто така, додаде дека никој нема да биде безбеден ако Бајден ги води САД, оти тој и неговата изборна партнерка Камала Харис, биле против полицијата и го поддржувале криминалот.

Претседателот денеска патува во Аризона, а за два дена се очекува да биде во Пенсилванија, за кога е закажан говорот на Бајден за прифаќање на демократската номинација за претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 22:15