На барање на САД и Естонија, синоќа во Њујорк зад затворени врати се оддржаа консулатции на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Белорусија.

Заменик постојаниот претставник на Русија во СБ на ОН, Дмитриј Полански по средбата изјави дека внатрешната состојба во Белорусија не треба да биде предмет на дискусии на ова тело, објави синоќа Тасс.

„Укажувајќи дека тоа е внатрешно прашање на Белорусија, а не предмет на дискусија на Советот за безбедност на ОН, Русија истакна дека само Белорусите можат да ги решат проблемите на нивната земја без интервенција од надвор“, напиша Полански на Твитер.

Русија, исто така, укажа на „двојните стандарди на нашите западни колеги кои пред СБ на ОН не ги изнесуваат сличните пост-изборни проблеми и случаи на полициска бруталност во нивните и другите земји“.

По изборите од 9 август во Белорусија, што ги доби Александар Лукашенко, секојдневно се одржуваат протести во кои досега имаше и судири меѓу полицијата и демонстрантите.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 11:28