Претседателите на земјите членки на Вишеградската група денеска ја повикаа Белорусија да го отвори патот за нови избори и да избегне насилство врз демонстрантите.

„Ги повикуваме властите на Република Белорусија да го отворат патот за политичко решение и да се придржуваат кон основните човекови права и слободи, истовремено воздржувајќи се од употреба на насилство врз мирните демонстранти“, се наведува во заедничката изјава.

Вишеградската група или Вишеградската четворка ја сочинуваат Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, денот на претседателските избори, на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановскаја.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 14:47