Африканската Унија (АУ) денеска го суспендира членството на Мали во организацијата како одговор на вчерашниот воен удар и соборениот претседател Ибрахим Бубакара Кејта.

– Суспензијата ќе трае се додека во Мали се воспостави уставен поредок, се наведува во соопштението на АУ.

Африканската Унија побара и ослободување на Кејта и другите владини претставници.

Припадници на армијата на Мали вчера со воен удар го принудија Кејта да поднесе оставка.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 23:34