Најмалку 45 мигранти и бегалци загинаа ова недела во близина на Либија во најтешкиот бродолом оваа година, соопштија Обединети нации.

Во заедничкото соопштение на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната органзиација за миграција (ИОМ) се истакнува дека 37 лица биле спасени од рибари, а најмалку 45 луѓе загинаа откако експлодирал моторот на чамецот во Звара, Либија.

Преживеаните мигранти воглавно се од Сенегал, Мали. Чад и Гана.

УНХЦР и ИОМ наведоа дека ќе се зголеми бројот на загинати мигранти во Средоземно Море ако не се интензивираат операциите за потрага и спасување и ако не се воспостави специјален механизам за потрага.

Повеќе од 7.000 мигранти досега се пресретнати од либанската крајбрежна стража, а најмалку 302 мигранти и бегалци загинаа од почетокот на 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 23:35