Франција ќе ги продолжи воените операции против исламските борци во Мали, и покрај соборувањето на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита во пучот од пред три дена, соопшти денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли.

„Продолжува операцијата Бахран, што беше побарана од населението во Мали и одобрена од Советот за безбедност на ОН“, напиша Парли на Твитер, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот на Мали поднесе оставка и го распушти парламентот, откако беше заробен од бунтовниците, дополнително продлабочувајќи ја кризата во земјата, која веќе се бори против џихадистите и граѓанските немири.

Армијата во Мали, која учествуваше во пучот, вети дека ќе одржи избори во „разумен“ рок и почна разговори со највлијателните политичари во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2020 16:25