Политиката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е насочена кон дестабилизација на Европската унија, оцени францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Пари мач“.

Според францускиот претседател, Ердоган спроведува експанзионистичка политика заснована на мешавина на национализам и исламизам, што е некомпатибилна со европските интереси и е фактор за дестабилизација на Европа.

– Во таква ситуација, Европа мора да направи реална проценка на она што се случува и да дејствува во согласност со нејзините интереси, рече Макрон.

Тој додаде дека во никој случај не е објава за ескалација. Сепак, со оглед на потребата да се преземе симетрично дејство, треба да се избегне „немоќна дипломатија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2020 22:38