САД остануваат длабоко загрижени за „сериозните пропусти“ во текот на претседателските избори во Белорусија, изјави синоќа американскиот државен секретар, Мајк Помпео, додавајќи дека Вашингтон ги поддржува меѓународните напори за независна истрага на изборните нерегуларности.

-САД го поддржуваат принципот на слободни и фер избори што ја рефлектираат волјата на народот во Белорусија. Овој принцип не беше забележан на изборите на 9 август. Ние ги поддржуваме меѓународните напори за независна истрага на изборните нерегуларности во Белорусија, кршењето на човековите права во врска со изборите и пресметките што потоа следеа“, соопшти Помпео.

Тој додаде дека остро го осудил насилството врз мирните демонстранти и новинари во Белорусија, како и апсењето на опозициските кандидати и демонстрантите, пренесе „Гласот на Америка“.

Помпео, исто така, побара „неправедно притворените“ веднаш да бидат ослободени и да се утврди судбината на исчезнатите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 10:18