Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, изјави денеска дека американските власти се многу загрижени за состојбата со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во одделот за интензивна нега во болницата во Омск.

Во интервју за „Фокс њуз“, тој кажа дека е многу загрижувачко доколку Русија навистина стои зад ова и дека односот кон Русија во иднина ќе зависи токму од тоа.

-Тој е многу храбар човек и нашите молби се со него и неговото семејство, рече О’Брајан.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 10:47