Ненадејната болест на жестокиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални (44), најверојатно е резултат на метаболичко нарушување, изјави денеска Александар Мураковски, началник на клиниката во Омск во која е хоспитализиран рускиот опозионер и блогер, јавија американските медиуми.

Тој додаде дека на облеката и прстите на Навални биле пронајдени траги од индустриска хемикалија, пренесуваат британските медијми.

Во меѓувреме, со став излезе и руското Министерство за здравство.

„Ја добивме првата работна дијагноза. Станува збор за метаболичко нарушување на рамнотежата на јаглени хидрати што може да се јави поради ненадеен пад на нивото на шеќер во крвта“, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 13:46