Нема потреба посебно да се известува рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во врска со хоспитализацијата на опозицискиот политичар Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не знам ништо за тоа и едноставно не гледам причина толку далеко да се известува, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин бил информиран за состојбата на Навални, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека зависи од лекарите кои се грижат за рускиот опозиционер дали тој ќе биде транспортиран или не во Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 13:47