Во писмото до Советот за безбедност на Обединетите нации, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека САД немаат право да бараат повторно воведување санкции на ООН против Иран, воведени поради нуклеарната програма на таа земја.

„Со повлекувањето од нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте најголеми светски сили, САД го загубија правото на поставување барања во 2018 година“, тврди Зариф во писмото, додавајќи дека постапката на Вашингтон ја крши резолуцијата на ООН, според која земјите потписнички треба да избегнуваат какви било чекори на штета на договорот“, посочува Зариф.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера официјално ги извести ОН дека неговата земја бара повторно воведување на сите санкции на ОН против Иран, тврдејќи дека Вашингтон има правна основа за такво нешто, и покрај повлекувањето од договорот постигнат во 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 13:56