Главниот лекар во болницата во Омск, Александар Мураховски изјави денеска дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални ќе остане во таа установа сè додека не се стабилизира неговата состојба.
Мураховски претходно рече дека германските специјалисти кои пристигнале во Омск со авион за брза помош, го прегледуваат Навални.
Сопругата на опозиционерот побара од рускиот претседател Владимир Путин да дозволи Навални да биде префрлен од болницата во Сибир во Германија заради лекување.
Сојузниците на Навални стравуваат дека тој е отруен и договориле негово лекување во Германија, но руските лекари велат дека неговата состојба е премногу нестабилна за да биде пренесен од болница.