Поранешната белоруска претседателска кандидатка, Светлана Тихановскаја, изјави дека не планира повторно да се кандидира за претседател на земмјата во случај да се организираат нови избори.

-Јас немам такви планови, рече Тихановскаја во интервју за телевизијата „Белсат“, одговарајќи на прашањето дали таа или нејзиниот сопруг би се кандидирале во случај на повторни избори во Белорусија.

Таа се приклучи во претседателската трка откако Централната изборна комисија ја одби кандидатурата на нејзиниот сопруг, блогерот Сергеј Тихановски, кој беше уапсен на изборен митинг кон крајот на мај, јави Тасс.

Александар Лукашенко победи на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, освојувајќи 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја освои 10 проценти од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и организира секојдневни протести.

Ден по изборите Тихановскаја избега во Литванија, стравувајќи за својата безбедност во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2020 10:30