Околу 1.500 лица денеска маршираа низ улиците на Хабровск, град на рускиот Далечен Исток, протестирајќи седми викенд заради приведувањето на гувернерот на регионот, Сергеј Фургал.
Британските медиуми пренесуваат дека жителите на Хабаровск, на 6.110 километри источно од Москва, протестираат од 9 јули, кога беше уапсен популарниот гувернер Фургал под обвинение за убиство, што тој го негира.
Неговите приврзаници тврдат дека притворот е политички мотивиран.
На денешниот протест, насобраните носеа плакати на кои пишуваше „Слобода за Фугал“ и „Белорусија – Хабаровск е со вас“, како поддршка на митинзите на опозицијата во Белорусија против кражбата на гласови на претседателските избори.
Регионалните власти проценуваат дека околу 1.500 луѓе учествувале на денешниот протестт, што е помалку од претходните недели.