Властите во Белорусија блокираа над 20 интернет-страници, вклучително и некои странски портали, кои известуваа за двонеделните антивладини протести, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари.

Додека државната издавачка куќа престана да ги печати независните весници Народна волја и Комсомолскаја правда, а како причина ја наведе неисправност на опремата.

Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите. Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2020 15:26