Хезболах соопшти дека собори и заплени израелски дрон, што летал над границата со Либан.

Израелската армија потврди дека вчера паднал дрон за време на оператицните активности долж либанската граница, но оти „нема ризик од откривање на (тајни) информации“.

Хезболах тврди дека дронот бил соборен во близина на селото Аита ал Шааб.

Либан постојано се жали што израелски дронови за набљудување го нарушуваат неговиот воздушниот простор.

Хезболах во септември минатата година најави дека ќе ги соборува израелските беспилотни летала по инцидентот што се случи еден месец претходно кога два дрона со експлозив го нападнаа седиштето на проиранската шиитска организација јужно од Бејрут.

Тензиирте помеѓу Израел и Хезболах дополнително се зголемија откако во јули во израелски напад од воздух загина припадник на шиитската организација во Сирија. Израел тогаш распореди дополнителен број војници на границата, стравувајчи од одмазда на Хезболах.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2020 17:15