– Во експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанскиот округ Џагату, во провинцијата Газни, загинаа седум цивили.
Според локалните власти при нападот загинале три жени, две деца и двајца мажи.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Според извештајот на Обединети нации во првите шест месеци од годината во вооружени судири во Авганистан загинаа 1.282 луѓе, а стотици се повредени. Повеќе од 40 проценти од цивилните жртви се жени и деца.