Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Л. (32) и К.В. (32), двајцата од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

На 03.08.2020 во казино на ул.„Нико Нестор“ во Струга пријавените со закани по живот кон вработената во повеќе наврати изнудиле од неа да им вклучи кредити без да платат, а кога ги потрoшиле парите, повторно со закани по живот кон неа и другите вработени изнудиле пари, со што причиниле материјална штета од 175.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2020 02:19