Сателитска слика на севернокорејското бродоградилиште откри активност што укажува на подготовки за тестирање на подморничка балистичка ракета со среден дострел, објави американска тинк-тенк организација.

Центарот за стратешки и меѓународни студии објави дека фотографии објавени на веб-страницата на севернокорејското бродоградилиште „Синпо“ ја покажуваат активноста што укажува на можни подготовки за претстојното тестирање на „Пукјуксонг-3“, подморничка балистичка ракета со среден дострел.

Севернокорејските власти потврдија дека успешно тестирале нова подморничка балистичка ракета „Пуккуксонг-3“ од море во октомври минатата година, како дел од напорите за зајакнување на одбраната и ограничување на надворешните закани.

Аналитичари го оценија тој потег како најпровокативен што Северна Кореја го презеде откако започна дијалог со САД во врска со нуклеарното оружје и ракетната програма во 2018 година.

Северна Кореја ги суспендираше ракетите од голем фострел и нуклеарните тестирања од 2017 година, но напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги убеди властите на земјата да се откажат од своите нуклеарни и ракетни програми не дадоа значителни резултати.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2020 12:31