Повеќе од 27 милиони луѓе, поточно 27.005,196, биле заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметерс“.

Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 882.359 лица, а оздравеле 19.103.268 лица.

Во моментов има повеќе од седум милиони активни случаи.

Ситуацијата е најтешка во САД, каде повеќе од 6,4 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.

На второ и трето место се Бразил и Индија со над четири милиони заразени.

Русија и натаму е четврта во светот и прва во Европа по бројот на заразени со вирусот Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2020 11:52