Велика Британија нема прва да попушти во трговските преговори со Европската унија, ниту пак бега од Брегзит без договор, предупреди денеска главниот британски преговарач за Брегзит Дејвид Фрост.

Велика Британија ја напушти ЕУ во јануари, но досега нема напредок во преговорите за нови трговски односи, иако привремениот договор истекува во декември.

Фрост оцени дека преговарачкиот тим на ЕУ смета дека Велика Британија е попустлива и дека тие мора да имаат „посериозен пристап во иднина“.

Продолжувањето на разговорите е најавено за вторник во Лондон.

– Немаме намера да бидеме клиенти на ЕУ и немаме намера контролата на нашето законодавство да ја препуштиме на никого, рече Фрост.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2020 12:33