Вкупната бројка на потврдени случаи на Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата достигна 15 090, оздравени се 12 235, а битката со коронавирусот ја изгубија 617 луѓе.

Во моментов, според статистиката на Министерството за здравство има 2 238 активни случаи, најмногу во Скопје 754, во Куманово 262, Прилеп 152, Гостивар 136, Тетово 124 и во Штип 106. Без активен случај е само Ресен, а на дното на листата се и Крушево со еден и Валандово и Демир Хисар каде што има по двајца активни.

Во изминатотото денононоќие се евидентирани 92 новозаразени, 86 излекувани и тројца починати. Тестирани биле 997 лица. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид -19.

Во болниците моментално се лекуваат 301 пациент, од кои 53 се на кислородна поддршка, а двајца на механичка вентилација.

Меѓу земјите во регионот, најмногу случаи на Ковид-19 досега се потврдени во Србија околу 32 илјади, во Босна и Херцеговина 21,5, Бугарија има 17,9, Косово 14, Хрватска 12, Грција 11,4 и Албанија 10,1 илјади.

Во светот бројката на ковид позитивни надмина 27 милиони. Излeкувани се 19,2 милиони, 885 илјади починаа, а во моментов активни се околу 7 милиони.

Најмногу потврдени случаи има во САД 6,4 милиони, во Индија 4,2, Бразил 4,1 и во Русија милион. Кина од каде започна пандмијата на Ковид-19 досега евиденирала околу 85 илјади позитивни на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 10:52