Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува денеска да каже, порача, најави дека доколку до 15 октомври не се постигне трговски договор меѓу Европската унија и Велика Британија тогаш двете страни треба „да го прифатат и да продолжат понатаму“, јави Би-Би-Си.

Утре треба да почне уште една, осма рунда разговори.

Џонсон би треба да каже дека завршувањето на излезот на Велика Британија од ЕУ без трговски договор и натаму ќе биде „добар исход“, пишува Би-Би-Си.

Премиерот треба да каже дека истекува времето за наоѓање решение пред 31 декември, кога завршува преодниот рок за Велика Британија. Иако Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари, таа продолжува да се придржува до некои правила на ЕУ додека преговара за трговски договор.

Џонсон, наведува Би-Би-Си, ќе каже дека Европскиот совет треба да постигне договор до 15 октомври доколку сака тој да стапи во сила до крајот на годината, така што „нема смисла да се размислува за рокови над таа точка“.

-Ако дотогаш не можеме да се согласиме, не гледам дека имаме договор за слободна трговија меѓу нас и двете страни треба тоа да го прифатат и да продолжат понатаму“, ќе каже Џонсон, наведува Би-Би-Си.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 10:56