Повеќе од 200 претставници на ОН во Сирија се заразени со Ковид-19, соопштија вработени во организацијата.

Британските медиуми потсетуваат дека здравствената структура на земјата е веќе уништена од војната, а ОН се обидува да ги зајакне своите капацитети за борба против вирусот.

„Меѓу персоналот на ОН пријавени се повеќе од 200 случаи на Ковид-19, од кои некои се хоспитализирани, а тројца се медицински евакуирани“, наведува висок претставник на ОН во писмото што агенцијата Ројтерс го добила од заразено лице од локалниот персонал.

Како што се наведува во писмото, реалниот број на пациенти е веројатно уште поголем, вклучително и на членовите на невладини организации што соработуваат со ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 11:01