Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони реагира добро на третманот за Ковид-19, изјави вчера неговиот лекар, пренесува ДПА.

Берлускони (83) минатата недела беше примен во болница во Милано, откако му се појавија проблеми со белите дробови, како резултат на инфекцијата со коронавирус.

-Неговиот одговор на терапијата во болницата Сан Рафаеле во Милано е „оптимален“, им рече на новинарите Алберто Зангрило, докторот на Берлускони.

Тој се уште е во „кревка фаза“, додаде лекарот, потенцирајќи дека возраста на пациентот е фактор на ризик и дека на терапијата и треба време.

Состојбата на Берлускони во саботата тој ја оцени како „стабилна“ и рече дека дишењето му се одвива како што се очекуваше.

Берлускони во болницата во Милано беше префлен во четвртокот вечерта, откако самиот сосопшти дека претходната недела се заразил со вирусот. Првичниот план му бил да мине две недели во самоизолација, но откако му се влошила здраствената состојба тој морал да побара лекарска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 13:32