Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е загрижувачко зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 во Велика Британија, но дека владата се уште има контрола врз пандемијата.

Вчера во Велика Британија беа регистрирани 2.988 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на нови инфекции од мај, пренесуваат британските медиуми.

-Зголемувањето на бројот на случаи што го гледаме во последните денови е претежно кај младите луѓе. Владата не ја загуби контролата врз пандемијата, но сите ние мора да го почитуваме социјалното дистанцирање затоа што можеме да се браниме само како општество во целина“ изјави Хенкок за радиото Ел-Би-Си.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 14:17