Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го оцени како апсурден предлогот на САД за составување на т.н. „список Навални“ врз чија основа би се вовеле санкции против Русија и истакна дека поврзувањето на случајот со труењето на Алексеј Навални со рускиот државен врв е „неприфатливо“.

– Од сите страни се нижат бројни апсурдни иницијативи, рече Песков коментирајќи го предлогот на колумнистот на Њујорк Тајмс, Брет Стифинс и повика на „разумно и трезвено размислување“.

– Обидите Русија и рускиот државен да се поврзат со она што му се случи на Навални се целосно неприфатливи и апсурдни, оцени Песков.

Тој додаде дека „безбедносните служби, а не Кремљ“ ќе го проценат значењето и автентичноста на прислушуваниот и снимениот телефонски разговор помеѓу еден соговорник во Варшава и друг во Берлин, во кој се разговарало за фалсификување на докази за труење на рускиот блогер и противник на Кремљ, Алексеј Навални.

– Тоа е во надлежност на безбедносните служби, бидејќи се работи за специјален материјал што може и мора да биде во исклучителна надлежност на службите за државна безбедност, заклучи Песков.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 15:10