Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, ја прими руската вакцина против коронавирусот и се чувствува одлично, изјави неговата портпаролка Александра Исаева.

Таа рече дека Головченко ја примил вакцината во четвртокот, по разговорите со рускиот премиер и дека се чувствува одлично, пренесува ТАСС.

За време на состанокот со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рускиот премиер Михаил Мишустин објави дека Головченко одлучил да ја прими руската вакцина против коронавирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин и Лукашенко претходно се согласија Белорусија да биде една од првите земји каде ќе биде дистрибуирана вакцината „Спутник V“, што ја разви рускиот институт Гамалеја.

Покрај тоа, Белорусија ќе учествува во последната фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, која на 11 август стана првата регистрирана вакцина од ваков вид во светот, иако ја нема минато финалната фаза од испитувањето, што ќе ја докаже ефикасноста и безбедноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2020 21:33