Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја номинираше Мерид Мекгинис од Ирска за нов еврокомесар за финансиски услуги.

-Извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис, ќе го преземе ресорот за трговија, изјави фон дер Лајен.

Промената во составот на Европската комисија уследи откако ирскиот комесар Фил Хоган мораше да поднесе оставка за кршење на мерките за борба против Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2020 14:36