Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема контакти меѓу Москва и претставници на белоруската опозиција и дека такво нешто не доаѓа предвид.

Одговарајќи на новинарски прашања Песков објасни дека со одлука на Уставниот суд на Белорусија, самопрогласеното тело на белоруската опозиција, наречениот Координативен совет, е прогласен за незаконски и неуставен.

-Затоа, се разбира, во овој случај не доаѓаат предвид какви било контакти, рече Песков, пренесен од Тасс.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2020 14:55